среда, 2 декември 2009

Агентот на Мануел Ноер вели дека Јунајтед е заинтересиран за неговиот клиент:


Црвените Ѓаволи продолжуваат да бидат поврзувани со ангажман на нов голман како долгорочна замена за Едвин ван дер Сар.

Се очекува овој месец Холанѓанецот да донесе одлука дали ќе се пензионира по крајот на сезоната или пак ќе продолжи уште една година.

Сер Алекс Фергусон претходно сугерираше дека Томаш Кушчак и Бен Фостер ќе добијат шанса да се борат за голманската позиција.

Но се почести се шпекулациите кои говорат дека Ферги разгледува потенцијални нови цели, со голманот на ЦСКА Москва Игор Акинфеев како една од целите.

Мануел Ноер исто така се поврзува со преселба на Олд Трафорд откако изминатово лето исто така беше на мета на Баерн Минхен.

23 годишниот чувар на мрежата на Шалке во октомври призна дека е среќен да остане во Гелзенкирхен но додаде дека поради финансиски проблеми на клубот од Бундеслигата можно е да прифати заминување.

Ноер е проценет на околу 13 милиони евра и неговиот агент Томас Крот вели дека Јунајтед е заинтересиран за голманот на Шалке.

“Знаеме дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Ноер.” – Крот рече за Sport Bild.

“Мануел исто така сака да настапува во тим кој е на подобро интернацинално ниво.”

0 коментари: