среда, 30 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Виган:


Среда, Декември 30, 2009, 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Ретко кога Манчестер Јунајтед се грижи за својото противник па така е и во овој случај според статистиките.

Сер Алекс Фергусон има издвојувано десет победи во последните десет натпревари со Виган.

Манчестер Јунајтед се обидува да го стигне Челзи и веќе имаат забележано пет порази оваа сезона и не им треба уште еден пораз.

Во божиќниот период се случуваат многу промени и Фулам му нанесе тежок пораз на Јунајтед и му одзема важни поени.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
27 декември Хал 1-3 Манчестер Јунајтед
19 декември Фулам 3-0 Манчестер Јунајтед
15 декември Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон
12 декември Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила
08 декември Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)

Виган:
26 декември Виган 1-1 Блекбурн
16 декември Ливерпул 2-1 Виган
12 декември Стоук 2-2 Виган
05 декември Бирмингам 3-2 Виган
28 ноември Виган 1-0 Сандерленд

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

По подолг период Јунајтед конечно нема повредени играчи.

Пол Сколс го пропушти натпреварот со Хал но треба да се врати на натпреварот со Виган.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Браун, Невил, Гигс, Сколс, Флечер, Валенсија, Руни и Овен.

Виган:

Виган исто така нема нови повреди единствено ќе недостасува Диаме.

Можен состав: Киркланд, Фигуероа, Брамбл, Бојс, Мелхиот, Нзогбиа, Гомез, Шарнер, Томас, Синклер и Родалега.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Руни беше човекот кој му даде шанса на Хал да се надева на бодови но исто така и сам го победи би требало тој да биде во центарот на вниманието.

Виган - Хуго Родалега:
Беше главната ѕвезда на Виган против Белкбурн и веќе има запишано веќе 7 гола зад својот грб. Само од негова страна се очекува добар натпревар и се разбира голови.


Извор 1!

Извор 2!



0 коментари: