петок, 11 декември 2009

Видич се враќа на дуелот со Астон Вила и Ферги ги отфрла шпекулациите за трансфер на Сол Кембел:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00391/Nemanja_Vidic_391887a.jpg

Немања Видич ќе биде подготвен за мечот во Сабота против Астон Вила и Ферги ќе може да состави одбранбен ред со двајца регуларни дефанзивци.

Сер Алекс Фергусон потврди на пресконференцијата во петокот дека Видич е излечен од грипот и ќе му се придружи на Мајкл Керик во срцето на одбраната додека од страничните позиции ќе бидат Дарен Флечер и Патрис Евра.

Проблемите со повредите полека стивнуваат и неколку играчи ќе се вратат во следните недели. Рафаел почна со тренинзи и најверојатно ќе биде спремен за дуелот со Вулверхемптон во Вторник, додека Вес Браун денеска почнува со тренинзи. Едвин Ван дер Сар сеуште не е подготвен но ќе се врати следната недела.

Гери Невил, Џони Еванс и Џон Ошеа сеуште не се подготвени за настап но најверојатно ќе бидат спремени за дуелот од ФА Купот против Лидс Јунајтед.

И покрај проблемите со одбраната Фергусон ги демантира шпекулациите кои го поврзуваа со поранешниот играч на Арсенал Сол Кембел кој е слободен играч. Тој изјави дека не е заинтересиран Јунајтед за доведување на него.

Извор!

0 коментари: