сабота, 12 декември 2009

Нови договори за ветераните:

http://manutd.theoffside.com/files/2008/07/scholes.jpg

Сер Алекс Фергусон потврди дека ветераните Рајан Гигс и Пол Сколс ќе добијата продолжување на договорите поради нивната одлична форма.

Иако имаат веќе респектабилни 36 односно 35 години Рајан Гигс и Пол Сколс играат во одлична форма. Тие многу и помагаат на машинеријата на Јунајтед да реди победи.

Велшанецот повеќе не игра во центарот на средниот ред тој се врати на својата крилна позиција преку која го оствари својот успех и ги оставеше без здив противничките дефанзивци тој повторно го прави тоа.

Фергусон ги фали двајцата играчи и типува на Рајан Гигс за да ја освои престижната награда BBS Sports Personality of the Year Award кое ќе се случи утре.

Сер Алекс изјави на пресконференцијата во петокот. - "Тој е пример за младите. Тој не се менува и моментално игра во најдобрата форма."

"Тој игра одлично и тоа треба да се награди и ние тоа ќе го направиме. Ќе му понудиме продолжување на договорот на крајот на сезоната иако тој веќе ќе има 37 години."

"Константноста не е секогаш наградувана , некогаш ќе се појави некој нов млад играч и ќе блесне. Тоа е конкуренцијата со која се соочува цел живот Рајан Гигс но тој не ја менува формата и тоа ја држи неговата константа форма. Се надеваме дека тој ќе ја освои наградата во Недела."

Фергусон исто така изјави дека нема намера Сколс да престане да игра фудбал наскоро и покрај изјавите кои се појавија во медиумите минатата недела.

"Јас не верувам дека тој го рекол тоа. Кога разговарав со него и го прашав тој ми одговори дека никогаш не го рекол тоа. Кога секој ќе навлезе во триесетите години се прашува што ќе се случи наредната година, но ние веруваме во неговите квалитети и тој ќе добие продолжување на договорот."

"Кога ќе погледнете како играше против Вест Хем и Волфзбург нема да се запрашете дали ќе може тоа да го направи и следната година."

Извор!

0 коментари: