петок, 4 декември 2009

Преглед: Вест Хем - Манчестер Јунајтед:

http://www.rovers.co.uk/javaImages/ae/95/0,,10303~3315118,00.jpg
Сабота, 5 Декември , 16:00
Аптон Парк, Источен Лондон

Вест Хем се среќава со Манчестер Јунајтед на Аптон Парк овој викенд во меч важен за двете страни подеднакво.

Вест Хем лошо ја започна сезоната. Минатата сезона на крајот завршија на деветото место но оваа година тие играат многу лошо и со само 14 освоени бода се наоѓаат на 17 место на табелата.

Вест Хем нема проблем со постигнување на голови сезонава.Тие имаат постигнато 22 гола во последните 11 меча но исто така имаат примено 26 гола.

Младите играчи на Манчестер Јунајтед го победија тимот на Тотенхем со 2 - 0 во рамките од четврт-финалето од Карлинг Купот.

После победата од 3-0 на Челзи врз Арсенал најверјатно Арсенал отпаѓа од битката за тронот и Црвените Ѓаволи остануваат единствените конкуренти на Сината Машина.

Сега разликата помеѓу Челзи и Јунајтед е пет бода но треба да се земе во обзир тоа дека во Јануари, Челзи ќе остане без неколку клучни играчи како Дрогба и Есиен.

Гостите се фаворити но нема да ги отпишеме Вест Хем.

Последни пет натпревари:

Вест Хем:
28 ноември: Вест Хем 5-3 Барнли
21 ноември: Хал 3-3 Вест Хем
08 ноември: Вест Хем 1-2 Евертон
04 ноември: Вест Хем 2-1 Астон Вила
31 октомври: Сандерленд 2-2 Вест Хем

Манчестер Јунајтед:
01 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон
08 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед


Тимски новости:

Вест Хем:
Вест Хем нема да може да смета на Метју Апсон кој е повреден.

Карлтон Кол нема да настапи до Нова Година додека Валон Бехрами се придружа на групата повредени Девенпорт, Луиш Боа Морте и Дин Ештон.

Диаманти не се знае дали биде во првите 11 додека би требало да настапи Дајер кој играше за резервите во понеделникот.

Можен состав: Грин, Спектор, Да Коста, Габидон, Илунга, Колисон, Ковач, Паркер, Станислас, Хименез и Франко.

Манчестер Јунајтед:

Јунајтед се надеваат дека Ван дер Сар ќе се врати на голот откако веќе пропушти три натпревари за својот тим во кој беше заменет од Кушчак.

Повредени и неподготвени за овој натпревар ќе бидат: Харгривс, Фердинанд, Еванс и Ошеи.

Можен состав: Ван дер Сар, Невил, Браун, Видич, Евра, Валенсија, Флечер, Сколс, Гигс, Руни и Бербатов.


Мотивирани играчи:

Вест Хем - Скот Паркер:
Играчот кој игра во одлична форма оваа сезона за Вест Хем. Создава шанси за напаѓачите и помага во одбраната.


Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Со хет трикот минатото коло најверојатно Руни ќе се бори со Торес, Дрогба и Дефо за златната копачка во Англија сезонава. Тој зад своето име веќе има запишано десето гола па се надева дека ќе додаде уште некој.


Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: