вторник, 29 декември 2009 г.

Јунајтед му дозволи на Едвин ван дер Сар да остане во Холандија покрај својата болна сопруга:


Ван дер Сар се врати својата родна Холандија каде што во соработка со лекарскиот тим на националниот состав на Лалињата се обидува да ја санира повредата на своето колено.

Но сопругата на голманот Анемарие ван Кестерен минатата среда беше однесена во болница откако се онесвести во својот дом.

Таа доживеа мозочен удар и поради тоа Ван дер Сар доби дозвола од Јунајтед да остане во Холандија подолго од планираното.

Ваквите вести ги потврди Сер Алекс Фергусон, кој додава дека нема потреба голманот да се врати на Олд Трафорд се додека не се подобри состојбата на Анемарие.

Фергусон рече: “Анемарие имаше проблеми во Холандија пред една недела и беше однесена во болница.”

“Тоа е најдоброто место за нејзе. Веќе извршија неколку испитувања и се обидуваат да го решат проблемот.”

“Му кажав на Едвин да остане таму. Нема потреба тој да се врати тука.”

“Најдобро за него е да биде покрај неговата сопруга. Се надевам дека ќе има добро опоравување.”

0 коментари: