среда, 30 декември 2009

Јунајтед се интересира за "новиот Чави":



Гласините во англиските медиуми велат дека Сер Алекс Фергусон испратил скаути да го следат Хавиер Матила кој се смета за новиот Чави.

Младиот фудбалер од средниот ред е под договор со Б тимот на Виљареал, но има шпекулации дека неколку клубови подготвуваат понуда од околу 3 милиони евра.

21-годишниот Матила приметил дека е следен од скаути, но вели дека е и среќен во Виљареал.

"Знам за гласините, но тие се ретки. Фудбалерите кои играат за Шпанија под 21 година, се следени од многу скаути" - вели фудбалерот.

"Јас сум среќен во Виљареал и мојот сон е да дојдам до првиот тим на овој тим".

"Никој не ме контактирал, а мојот предизвик е секој ден да работам напорно" - заврши Матила.

И Виљареал излезе со соопштение околу овој случај.

"Не сме добиле формална понуда, но знаеме дека има скаути на натпреварите".

0 коментари: