недела, 13 декември 2009

Манчестер Јунајтед 0 - 1 Астон Вила:



Манчестер Јунајтед киксна на домашен терен, загуби од Астон Вила минимално со 1-0.

Тимот на Фергусон имаше шанса да се израмни на врвот со Челзи кој претходно ремизираше со Евертон.

Сепак тоа не се случи, Астон Вила дојде до огромни три бода од Олд Трафорд.

Клучниот момент се случи во 21та минута кога по асистенција на Ешли Јанг, Агбонлахор погоди со глава.

До крајот на натпреварот и двете екипи имаа шанси за погодок, но резултатот остана непроменет.

Челзи и покрај тоа што освои само бод, ја зголеми предноста во однос на Манчестер Јунајтед.

Утре се игра големото дерби помеѓу Ливерпул и Арсенал, денешните резултати се дополнителна мотивација и за двата тима.

0 коментари: