вторник, 15 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Вулверхемптон:



Вторник, Декември 15, 2009, 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Манчестер Јунајтед се среќава со Вулверхемптон и не смее да си дозволи уште еден кикс после поразот од Астон Вила во саботата.

Челзи одигра нерешено со Евертон дома и преостана само екипата на Сер Алекс Фергусон да ја победи Вила но тие не успеаа да постигнат ниту гол за израмнување.

Вулверхемптон прв пат оствари 2 победи во низа по 26 години и тоа врз Болтон и Тотенхем во гости.Тоа помогна Вулверхепмтон да искочи од зоната за испаѓање.

Само три бода е разликата во корист на Челзи и освен триумф се би било катастрофа за Фергусон.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
12 декември: Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила (Премиер Лига)
8 Декември: Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)

Вулверхемтпон:
12 декември: Тотенхем 0-1 Вулверхемтпон (Премиер Лига)
5 декември: Вулверхемптон 2-1 Болтон (Премиер Лига)
29 ноември: Вулверхемптон 0-1 Бирмингам (Премиер Лига)
21 ноември: Челзи 4-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)
7 ноември: Арсенал 1-4 Вулверхемптон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

Новиот носител на наградата BBC Sports Personality of the Year Рајан Гигс е повреден и нема да настапи. Со повреда се здоби на натпреварот со Астон Вила.

Изоставените Димитар Бербатов и Мајкл Овен од тимот на натпреварот со Астон Вила би требало да значи дека еден од нив ќе биде во стартните 11. Исто така и Дарон Гибсон би бил добредојден во стартните 11.

Дарен Флечер сеуште би бил во одбраната како десен бек порати тоа што не се подготвени Гери Невил, Рафел, Фабио, Ошеа и Еванс.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Браун, Флечер, Нани, Гибсон, Керик, Валенсија, Руни и Бербатов.

Вулверхемтпон:

Волците се соочија со повреда на Дејв Едвардс на натпреварот со Тотенхем. Би требало да отсуствува 10 недели.

Едвардс стана третиот играч на листата повреди после Мајкл Кајтли и Ендрју Киох.

Можен состав: Ханеман, Вард, Крадок, Мансиен, Халфорд, Џарвис, Хенри, Милијаш, Фолеј, Ивелумо и Ебанкс Блејк.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед- Патрис Евра:

После критиките добиени од страна на новинарите дека не се снашол добро во Манчестер Јунајтед Евра стана еден од најдобрите леви бекови во светот.

Со проблемите кои ги има Јунајтед Евра би требало да помогне како и одбранбено така и офанзивно.


Вулверхемптон - Ненад Милијаш:

Сеуште се привикнува на животот во Англија и добро се снаоѓа во тоа.

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: