понеделник, 21 декември 2009

Сер Алекс: Нема да купуваме нови играчи во јануари:


Црвените Ѓаволи во последните недели се десеткувани во одбраната и неколку играчи од средниот ред беа прекомандувани во задната линија.

Дарен Флечер и Мајкл Карик одиграа солидно на нетипични позиции за нив но тие се играчи од среднио тред и не може да се очекува да бидат долгорочни замени.

Оваа причина придонесува за загриженост кај Фергусон, кој сеуште е без Рио Фердинанд, Немања Видиќ, Вес Браун, Џони Еванс, Џон О’Шеј, Гери Неви и Рафаел Да Силва.

Се шпекулираше дека ваквата криза во одбраната ќе биде решена со ангажман на нови играчи но Сер Алекс негира дека тие ќе настапат на трансфер пазарот.

“Тоа не е дел од нашата агенда.” – рече Фергусон за Key 103 кога беше запрашан за можноста да настапат на трансфер пазарот во јануари за да ја пополнат празнината во одбраната.

“Се надеваме дека Вес Браун ќе се врати за една недела или 10тина дена. Рио Фердинанд се подобрува, исто како и Гери Невил а Рафаел Да Силва започна да тренира.”

“Не сме во толку многу лоша ситуација и не сме во потрага на нови ангажмани.”

0 коментари: