четврток, 17 декември 2009

Фергусон задоволен од прогресот на Валенсија:


Синоќа Манчестер Јунајтед на домашен терен убедливо со 3-0 го совлада тимот на Волверхемптон.

Антонио Валенсија ја завери победата постигнувајќи го последниот гол за Јунајтед, ова беше уште една одлична партија за него.

Фергусон не го крие задоволството од напредокот на Валенсија.

"Антонио напредува, нема збор околу тоа" - вели Фергусон.

"Тој беше едно тивко момче кога дојде, но сега се прилагоди и го покажува тоа на теренот".

"Шест гола е пристоен скор, но знаеме дека тоа е областа каде што може да се подобри. Севкупно сме навистина задоволни од него" - заврши Ферги.

0 коментари: