вторник, 15 декември 2009

Рајан Гигс: Фергусон ќе го води Манчестер Јунајтед уште 5 години:

http://www.independent.co.uk/multimedia/archive/00244/Untitled-1_244823t.jpg

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс вели дека менаџерот на Црвените Ѓаволи ќе го води Манчестер Јунајтед уште 5 години.

67 годишниот Фергусон неколку пати беше запрашуван кога ќе се пензионира но Рајан Гигс вели дека такво прашање не треба да се поставува.

Кога Гигс беше запрашан од The Times кој прв ќе се пензионира тој или пак Фергусон тој одговори:
"Мислам дека тоа ќе бидам јас."

"Менаџерот е добар како и секогаш и мислам дека ќе работи уште многу време."

"Јас можам да го гледам него како го води Манчестер Јунајтед во наредните 5 години. Доколку го држи здравјето тој ќе работи уште многу."

"Тој води одличен тим, тој ја има страста и кога ќе стапне на теренот како фудбалскиот свет да се обновува и знам дека е така."

Гигс - кој ја помина целата своја кариера во Манчестер Јунајтед под водство на Фергусон - младите играчи сеуште го восхитуваат Фергусон и не го плашат годините.

Тој додаде: "Нашата врска никогаш не била подобра. Се е одлично."

"Тој зборува со мене како пријател и некогаш и совет ќе ми побара и тоа влева голема самодоверба во мене."

"Понекогаш и се караме но тоа е нормално и сите сме победници."

"Младите играчи се плашат од него но не како мене кога јас бев на нивни години. Различен е овој Фергусон со тој пред 20 години."

Извор!

0 коментари: