понеделник, 28 декември 2009

Хал 1 - 3 Манчестер Јунајтед:



По тешкиот пораз од Фулам во минатото коло, Манчестер Јунајтед се рехабилитираше со гостинска победа против Хал.

Големи три бода за тимот на Фергусон кој го искористи нерешениот резултат на Челзи и му се доближи на само два бода.

Победата ја најави Вејн Руни со погодок во судиското продолжение од првото полувреме.

Во 59та минута Хал успеа да израмни од пенал, најстрогата казна ја реализираше Фаган.

Во 73та минута Доусон си постигна автогол за ново водство на Манчестер Јунајтед.

Десет минути подоцна, по една одлична асистенција од Вејн Руни, Димитар Бербатов ги постави конечните 3-1.

0 коментари: