Гостите од Лондон имаа добар почеток на натпреварот и беа подобриот тим во воведниот дел но не успеаа да најдат решение за солидната одбрана на Црвените Ѓаволи и не успеаа да постигнат погодок.
Откако Спарси не го искористија воведниот притисок Јунајтед стапи на сцената и во 16та минуга го отвори резултатот.
Младиот Гибсон беше одлично проигран од Андерсон и со прецизен удар во долниот агол го совлада Хиларио Гомез за водство од 1-0.
Талентираниот играч од средниот ред потоа го зголеми водството на Јунајтед во 36та минута упатувајќи прекрасен удар во горниот агол по одличното еден-два додавање со Дени Велбек.
Спарси и покрај негативата од два гола не се откажуваше и продолжи со офанзивниот фудбал но им недостасуваше завршен удар во нападите.
0 коментари:
Објави коментар