Рајан Гигс во својата колекција додаде уште една награда тој ја освои наградата BBC Sports personality of the Year.
Рекордерот на Црвените Ѓаволи го победи во конкуренција шампионот во Ф1 Џенсон Батон и светската шампионка Џесика Енис. Во 2001 година истата награда ја освои Дејвид Бекам.
Наградата му беше доделена од Олимписката велосипедска легенда Крис Хој и англиската ѕвезда во крикет Фреди Флинтоф. Сето тоа се одиваше во неделата во Шефилд Арената. Гигс беше изненаден од наградата.
"Ова е голем шок " - потврди Рајан "Сакам да се заблагодарам на BBC за прекрасната вечер и на сите луѓе што гласаа за мене."
"Искрено чувството е неверојатно. Јас сум среќен што добив многу награди, играв со многу добри играчи и што играм за најдобриот клуб во светот."
"Јас пораснав гледајќи спортски програми и гледајќи освојување вакви награди. Благодарам на сите."
Извор!
понеделник, 14 декември 2009
Рајан Гигс добитник на наградата BBC Sports Personality of the Year:
Објавено од goodlife_filipsis во 12:08
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар