Бугарскиот интернационалец оваа сезона се мачи со повреди, по што често е надвор од теренот.
Како и да е, тој одигра 90 минути против Хал и покажува дека повредите се минато.
Имаше информации дека на Бербатов ќе му биде потребна операција, но Фергусон ги демантира таквите најави.
"Димитар имаше поблеми со коленото но сега е многу подобро" - вели Ферги.
"Ние внимателно го третиравме бидејќи знаеме дека ни е потребен за вториот дел од сезоната".
"Тој одигра цел натпревар против Хал и се чуствуваше добро. Не му е потребна операција се надеваме дека повредата е минато".
Фергусон сеуште мисли дека Челзи е најсериозниот ривал на Јунајтед за шампионската титула и покрај тоа што Сините изгубија многу бодови.
"На стартот од сезоната кажав дека Челзи е нашиот најопасен противник и не сум се предомислил".
"Никој не игра константно, сите губат бодови, Челзи е нашата најголема опасност бидејќи тие имаат одлично искуство" - заврши Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар