Glory, glory Man United!
Прочитај повеќе...
Објавено од goodlife_filipsis во 16:19 0 коментари
Но играчот, кој има уште две години од договорот со ’Црвените Ѓаволи’, инсистира дека тој никогаш не размислувал за заминување од Олд Трафорд.
Керик рече: “И јас видод дека одредени приказни сугерираат дека минатото лето ќе сум заминел од Јунајтед но јас не им обрнував внимание.”
“Тоа е дел од играта.”
“Никогаш не сум размислувал дека сум на пат за заминување од Јунајтед, ниту една минута. Такви мисли никогаш не ми се вртеле низ паметото.”
“А ниту менаџерот ме нема кажано нешто такво.”
“Ова е одлично место за да се биде. Имам да ја одиграм уште оваа сезона и следната според мојот договор и би сакал да останам тука до крајот на мојата кариера.”
“Зошто би сакал да одам на друго место?”
“Сега останува на мене да работам напорно оваа сезона и да се изборам за место во тимот.”
“Па целта е да се биде во тимот што почесто.”
Објавено од goodlife_filipsis во 18:41 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 18:38 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 17:58 0 коментари
Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Мексиканецот Хавиер Ернандез го постигна единствениот гол на Местаља кој значеше победа над Валенсија.
По одличните перформанси на синоќешниот дуел против Валенсија од сите страни стигнуваат пофалби за Ернандез, еден од импресионираните е и Дарен Флечер.
"Хавиер постигна фантастичен погодок" - вели Дарен Флечер.
"Тој покажа дека ќе биде одличен фудбалер за Манчестер Јунајтед".
"Тој е млад и сеуште го учи нашиот начин на игра, но Ернандез е вистински талент".
Синоќешната победа на Манчестер Јунајтед беше особено важна по ремито против Ренџерс во првото коло.
"Се враќаме на добра позиција. Бевме разочарани по ремито дома со Ренџерс и знаевме дека ќе биде тешко против Валенсија".
"Но дојдовме до три бода и сега сме на врвот во групата".
"Целта секогаш е десет бода од групната фаза" - заврши Флечер.
Објавено од goodlife_filipsis во 13:56 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 13:52 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 16:29 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 19:07 0 коментари
Во овој натпревар домаќините на два пати водеа, Јунајтед го израмнуваше резултатот.
Болтон го отвори натпреварот по само шест минути игра кога Зет Најт реализираше за водство од 1-0.
Во 23та минута, Нани тргна од својата половина и во одлична соло акција успеа да израмни на 1-1.
Мартин Петров во 67та минута го враќа водството на Болтон, топката го закачи Флечер и заврши во мрежата на Ван дер Сар.
Само три минути откако влезе во игра, Мајкл Овен во 74та минута постигнува гол со глава за израмнување на резултатот на 2-2.
Интересно коло во Премиер лигата во кое покрај Манчестер Јунајтед не успеаа да победат ниту Челзи, Арсенал и Ливерпул.
Објавено од goodlife_filipsis во 17:41 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 18:23 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 11:33 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 11:26 0 коментари
Црвените Ѓаволи минатата сезона завршија на второто место со само еден бод заостанување откако загубија во два наврати од избраниците на Карло Анчелоти.
И покрај тоа што Арсенал секоја сезона започнува со шампионски планови а оваа сезона и Манчестер Сити има големи амбиции, Фергусон вели дека Челзи е нивниот главен ривал.
“Премиер Лигата е многу тешко првенство.” – рече Фергусон за CNN International. “Јас секогаш гледам кон тимот кој бил шампион минатата сезона, потребно е да имате цел на која ќе работите.”
“Работа на останатите, вклучувајќи не и нас, е да го соборат Челзи од тронот. Тие имаа добар старт на сезоната и верувам дека тие ќе бидат главната опасност за нас.”
“Натпреварите кои ќе бидат клучни најверојатно ќе бидат меѓусебните дуели. Минатата сезона ги загубивме двата натпревари и токму тоа одлучи за шампионскиот трофеј.”
Ферги, кој вчера беше во Шпанија за да го следи следниот противник на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите – Валенсија – го посочи Реал Мадрид како голема закана за сите клубови во најелитното Европско натпреварување.
Тој додаде: “За очекување е да видиме големо подобрување од Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо.”
“Барселона сеуште е најатрактивниот тим и тие ќе бидат главната опасност со Интер тимот кој ќе биде најтежок за победување.”
Објавено од goodlife_filipsis во 12:18 0 коментари
Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа на гостувањето кај Скантроп со 5-2.
Домаќините поведоа со голот на Рајт, но потоа на сцена стапи Јунајтед, Гибсон, Смајлинг, Парк и двапати Овен реализираа за петарда во мрежата на Скантроп, почесниот гол за послабиот тим го постигна Вулфорд.
Одлична игра прикажана од цел тим. Смолинг добро изигра и покажува дека ќе биде од големо значење за нашиот тим исто и Андо кој изигра фантастичен меч.
Головите од натпреварот тука.
Објавено од goodlife_filipsis во 12:07 0 коментари
Покрај Манчестер Јунајтед и скаути на Барселона ги следеле игрите на 15 годишниот Андриго, кој успеал да ги импресионира и Каталонците.
Daily Mirror објави дека актуелниот шампион на Шпанија веќе го поканил младиот напаѓач на проба на Камп Ноу а истото го сториле и Манчестер Јунајтед кој му понудиле престој на Андриго на Олд Трафорд.
Сер Алекс Фергусон се надева дека примерот од браќата Да Силва ќе му помогнат во обидите да го убеди напаѓачот да ја одбере понудата од Манчестер Јунајтед.
За вундеркидот на Интернационал се говори дека е одличен финишер и фудбалер кој добри ги користи двете нозе.
Објавено од goodlife_filipsis во 21:32 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 21:00 0 коментари
Поради честите повреди Сер Алекс Фергусон реши да му ја одземе капитенската лента на искусниот дефанзивец а поради не можноста Рајан Гигс и Рио Фердинанд да настапуваат на секој натпревар, Шкотот го потврди Видиќ како капитен за оваа сезона.
Дефанзиевот е среќен да ја прифати оваа одговорност и е убеден дека ќе може да учи од претходните капитени на Олд Трафорд.
“Тоа што сум капитен ќе донесе дополнителен квалитет во мојата игра.” – рече Видиќ.
“Сеуште го правам она што го правев и претходно; го давам најдоброто со цел да му помогнам на тимот, но во исто време се обидувам да го подигнам нивото на мојата игра со цел да играм подобро.”
“Имам голема одговорност, но како што кажав и претходно, Гери, Рајан и Рио ја носеа капитенската лента во изминативе години и тие беа добри примери за играчите.”
“Кога имате такви луѓе околу вас, работите се полесни.”
Објавено од goodlife_filipsis во 20:49 0 коментари
Димитар Бербатов е херојот на Јунајтед, бугарскиот интернационалец реализираше исклучително важен хет-трик кој му донесе голема победа на неговиот тим.
Ливерпул успеа да се врати од негатива од два разлика, но на крајот со пораз заминува од Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед уште од првата минута тргна офанзивно кон голот на Пепе Реина, Ливерпул тешко успеваше да воспостави рамнотежа.
Дури по 30 минути игра Црвените почнаа полека да го загрозуваат голот на Ван дер Сар.
Но на три минути пред крајот на првото полувреме, по асистенција на Рајан Гигс, Димитар Бербатов постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0.
Домаќините продолжија да напаѓаат и во второто полувреме, во 59та минута Бербатов постигнува неверојатен погодок за нова радост на Олд Трафорд.
Само пет минути подоцна, Џони Еванс прави прекршок за пенал во сопствениот шенаесетник.
Стивен Џерард беше сигурен реализатор на најстрогата казна, Ливерпул намалува на 2-1.
Во 70та минута Ливерпул израмнува на 2-2, Џерард постигнува нов гол, овој пат од слободен удар, грешка во живиот ѕид на Манчестер Јунајтед.
Тимот на Фергусон го засили темпото со цел да дојде до ново водство, тоа им успеа во 84та минута, кога по центаршут на Ошеј, Бербатов постигнува гол со глава за негов хет-трик и победа на Манчестер Јунајтед од 3-2.
Голема победа на Црвените Ѓаволи, триумф за подигнување на моралот во пресрет на продолжението од сезоната.
Објавено од goodlife_filipsis во 17:20 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 10:42 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 10:32 0 коментари
"Работите изгледаат добро за Овен, се се одвива како што треба" - изјави доктор Стедман за BBC Sport.
"Тој е блиску до враќање на теренот, иако Манчестер Јунајтед е тој што ќе одлучи кога ќе го внесе во игра".
"Тој беше со нас пред неколку недели и има навистина одличен напредок, трча брзо, прави вежби, се е одлично".
"Харгривс никогаш не се предава и ние не се откажуваме од него. Беше потребно долго време за враќање, но тој беше трпелив" - заврши докторот.
Објавено од goodlife_filipsis во 10:27 0 коментари
Вчера врз интернационалецот од Еквадор успешно беше извршена операција и се стравуваше дека Антонио Валенсија ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
Но денеска Сер Алекс Фергусон, кој во прв момент стравуваше дека сезоната за Валенсија е завршена, откри дека играчот треба да се врати на терените кон крајот на февруари.
“Никогаш не можете да бидете 100% точни во вакви ситуации и повредата навистина е лоша, но очекуваме тој да се опорави до крајот на февруари.” – рече Фергусон.
“Тоа е подобра во споредба со она што го мислевме во вторникот.”
Ферги потоа додаде: “Операцијата беше успешна и скршеницата беше поправена, тоа беше најголемата загриженост за нас.”
“Тој е силно момче, и е многу позитивен за целата ситуација.”
“Тоа што сте позитивни ви помага во овие ситуации, па се надеваме дека тој ќе се врати кон крајот на февруари.”
Објавено од goodlife_filipsis во 10:18 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 19:24 0 коментари
“Веднаш штом видов како фудбалерите на Ренџерс мавтаат со рацете кон клупата за резерви знаев дека е нешто лошо.” – рече Фергусон.
Играта беше прикината околу пет минути откако Валенсија имаше дуел со дефанзивецот на Ренџес, Кирк Броадфут.
Ферги за Skу Sports потоа додаде: “Тој веднаш беше пренесен во болница. Се чини дека тој го дислоцираше и го скрши зглобот. Ќе направи операција во среда.”
“Повредата е лоша, ќе биде надвор од терените долго време. Се чини дека повредата е слична како онаа на Алан Смит и поради тоа мора да размислувате дека сезоната за него е завршена.”
Шкотот потоа застана во одбрана на својата одлука за дуелот со Ренџерс да направи дури десет измени во споредба со тимот што играше против Евертон во саботата.
“Ќе бидам критикуван зошто не игравме со силен состав. Но јас мислам дека одигравме со навистија силен тим. Луѓето забораваат дека осумина од нив играа против Челзи во Комјуните Шилд. Ова е одличен состав. Немам проблем да играм со нив.”
“Требаше да победиме, но во исто време треба да им честитаме на Ренџерс бидејќи не можевме да го скршиме нивниот систем. Игравме со интензивност и посветеност. Но Ренџерс добро се бранеше во својот шеснаесетник.”
Ферги сепак призна дека погрешил што на клупата за резерви го оставил Димитар Бербатов, кој игра во добра форма на стартот од сезоната.
“Сакавме да видиме како Хавиер Ернандез ќе одигра цел натпревар. Порати тоа го изоставивме Бербатов надвор од првиот тим и неговата форма е апсолутно фантастична.”
“Тој е еден од најдобрите фудбалер оваа сезона и неговата способност да креира шанса во тешки ситуации ќе направеше разлика.”
Објавено од goodlife_filipsis во 20:00 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 19:54 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 09:49 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 09:13 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 19:40 0 коментари
Црвените Ѓаволи водеа 3-1 се до 90та минута, но во судиското продолжение Евертон постигна два гола и дојде до голем бод.
Вејн Руни не настапи на овој натпревар, навивачите на Евертон беа подготвени за жесток пречек на нивниот поранешен фудбалер, но Фергусон не им го дозволи тоа задоволство.
Домаќините први го отворија резултатот, Пиенар по асистенција на Лион Осмар реализира за голема радост на Гудисон Парк.
Радоста траеше само три минути, во 42та Дарен Флечер постигнува погодок за израмнување на 1-1.
Само што почна вториот дел, Манчестер Јунајтед прави комплетен пресврт, асистенција на Нани, гол на Немања Видиќ, 1-2 за гостите.
Во 66та минута Димитар Бербатов убаво беше проигран од Сколс, излезе сам пред Хауард, одлично пласираше за водство од 3-1 за Јунајтед.
Во моментите кога веројатно никој не помислуваше дека Манчестер Јунајтед може да ги загуби трите бода, се случи големо изненадување.
Во 90та минута најпрво Кејхил намалува на 3-2, а веднаш потоа и Микел Артета постигнува гол за конечен резултат од 3-3.
Со оглед на развојот на настаните на теренот голем бод за Евертон, Манчестер Јунајтед испушти два значајни бода.
Хајлајтс од мечот можете да проследите тука.
Објавено од goodlife_filipsis во 10:46 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 14:24 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 12:39 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 15:16 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 19:32 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 14:39 0 коментари
Со секоја измината сезона се сугерира дека Ван дер Сар ќе стави крај на својата кариера но Холанѓанецот во моментов е среќен што може да игра на високо ниво.
“Не се грижам за тоа кога ќе пристигне денот за моето пензионирање.” – рече Ван дер Варт. “Сега ги надминувам сопствените очекувања, па затоа тоа воопшто не ми пречи.”
“Кога бев помлад можеби размислував дека ќе завршам со играњето фудбал кога ќе ја поминам границата од 35 години. Но сосема е нормално така да мислите кога сте помлад.”
“Очигледно тоа е добро време за крај на кариерата но јас тогаш пристигнав во Јунајтед, малку доцна во мојата кариер,а и можеби затоа сеуште уживам.”
“Доаѓањето на Олд Трафорд најверојатно ми ја продолжи кариерата.”
Ван дер Сар исто така верува дека се додека ја има довербата од Сер Алекс Фергусон нема причина за да размислува за пензија.
“Потребно е клубот да биде среќен. Доколку тие не се среќни со квалитетот кој јас го продуцирам тогаш нема потреба да продолжам.”
“Минатата година на подготовките скршив два прса а потоа го повредив и коленото, но секогаш кога бев фит добивав шанса и тоа е добар знак за мене.”
“Тоа покажува дека тренерот сеуште има доверба во мене, моите квалитети и способности.”
“Многу е важно да знаете дека тој има доверба во вас.”
Објавено од goodlife_filipsis во 12:46 0 коментари
Евертон силно посакува да го задржи талентираниот Родвел во тимот, но весникот вели дека е можен договор во последен момент.
19-годишниот Родвел е фудбалер кој игра во средината на теренот, но може да игра и како централен дефанзивец, па беше нарекуван и како малиот Рио Фердинанд.
Џек Родвел во Евертон е од седум годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер на клубот во европските натпреварувања, настапи на 16 години.
Родвел дебитираше во Премиер лигата во март 2008 година, минатата сезона постигна гол против Јунајтед во победата од 3-1.
Објавено од goodlife_filipsis во 15:36 0 коментари
Отпорот на Вест Хем беше скршен во 33та минута кога Вејн Руни погоди од пенал.
Рајан Гигс беше соборен во шеснаесетникот на Вест Хем, па судијата покажа на белата точка, Руни не погреши за водство на Јунајтед.
По пет минути игра во второто полувреме, асистенција од Руни до Нани кој постигнува одличен гол за водство од 2-0.
Нани во 69та минута асистира до Бербатов кој со прекрасен волеј ја смести топката во мрежата на Вест Хем за конечни 3-0.
Објавено од goodlife_filipsis во 21:36 0 коментари
Групите од Лигата на Шампионите:
Група А
Интер
Вердер Бремен
Тотенхем
Твенте
Група Б
Лион
Бенфика
Шалке
Хапоел Тел Авив
Група Ц
Манчестер Јунајтед
Валенсија
Глазгов Ренџерс
Бурсаспор
Група Д
Барселона
Панатенаикос
ФК Копенхаген
Рубин Казан
Група Е
Баерн Минхен
Рома
Базел
Клуж
Група Ф
Челзи
Марсеј
Спартак Москва
Жилина
Група Г
Милан
Реал Мадрид
Ајакс
Оксер
Група Х
Арсенал
Шахтјор
Брага
Партизан
Објавено од goodlife_filipsis во 10:48 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 10:45 0 коментари
Вечерва на Олд Трафорд, Димитар Бербатав во 33та минута го отвори резултатот по одличното додавање на Пол Сколс.
На целата акција најпрво му претходеше едно невнимание на Хонас Гутиерез, кој загуби топка на својата половина.
Џон О’Шеј го проигра Сколс, кој упати топка во форот за Бербатов, дефанзивецот на Њукасл, Енрике не успеа да го стигне додавањето по што напаѓачот на Манчестер Јунајтед упати силен удар по земја во подалечниот агол од голот на Херпер.
На четири минути пред крајот на првиот дел веќе беше 2-0 откако Флечер одлично се снајде во петерецот на Њукасл и ја затресе мрежата на Харпер.
Нани и Евра одлично проиграа по левата страна по што левиот бек на Јунајтед продре во шеснаесетникот на Њукасл.
Евра потоа упати силна топка по земја во срцето на петерецот која Руни ја допре доволно за да му ја намести на Флечер кој биеше неодбранливо од само неколку метри.
Објавено од goodlife_filipsis во 11:41 0 коментари
’Црвените Ѓаволи’ постигнаа договор со Виториа Гимараес за висината на личните услови како и личните услови на 20 годишниот напаѓач.
Манчестер Јунајтед не ја соопшти сумата на трансферот а медиумите од Англија говорат дека тимот на Сер Алекс Фергусон ќе одвои околу 7,4 милиони фунти за ангажманот на ’Бебе’.
’Бебе’ е препорачан на Манчестер Јунајтед од поранешниот помошник-тренер во клубот и сегашен селектор на Портогалија, Карлос Квеироз.
Сер Алекс Фергусон реши да го ангажира ’Бебе’ само пет недели по пристигнувањето на напаѓачот во Виториа Гимараес, откако Манчестер Јунајтед се сложи да ја плати откупната клаузуа во неговиот договор.
“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека е постигнат договор со клубот од Португалија, Виториа де Гимараес за ангажман на 20 годишниот напаѓач Тиаго Мануел Диас Кореира (попознат како ’Бебе’).” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Јунајтед.
“За комплелетирање на зделката недостасува само уште играчот подоцна во неделава да ги помине лекарските прегледи.”
“Личните услови на напаѓачот веќе се договорени.”
Објавено од goodlife_filipsis во 11:09 0 коментари
26 годишниот шкотски интернационалец, кој потекнува од младинските школи на Манчестер Јунајтед, во минатото се мачеше со обезбедувањето место во првиот тим и често се поврзуваше со заминување во потрага по првотимски статус но Флечер сега е естабилиран како важен дел од плановите на Сер Алекс Фергусон.
Зад своето име Дарен Флечер има повеќе од 250 настапи за тимот од Олд Трафорд и играчот од средниот ред се надева дека ќе може да ги следи легендите на клуботГери Невил, Рајан Гигс и Пол Сколс, кои сеуште играат на топ ниво иако се во залезот на кариерата.
“Не можам да замислам дека ќе бидам во дргу клуб.” – Флечер рече за официјаната веб страна на Јунајтед.
“Нема место што е подобро од Манчестер Јунајтед и доколку можам целата моја кариера да ја одиграм тука, ќе бидам многу среќен човек.”
“Се околу овој клуб – фановите, објектите, структурата – е фантастично и не би сакал да сум на друго место.”
“Има нешто навистина посебно во тоа својата кариера да ја поминете во еден клуб - оние како Гери, Рајан и Пол се легенди на Манчестер Јунајтед и да имате приближен успех како нив тоа ќе биде огромно остварување.”
Сегашниот договор на Флечер со ’Црвените Ѓаволи’ е во трајност до 2012.
Објавено од goodlife_filipsis во 11:03 0 коментари
Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа интересен натпревар на Вембли кој го добија Црвените Ѓаволи со 3-1 и го освоија Комјунити Шилд трофејот. Офанзивна игра и од двете страни која допринесе за повеќе шанси пред головите на Хиларио и Ван дер Сар. Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Сколс, доби добра топка од Валенсија, биеше со волеј но над голот на Челзи. Калу од лево излезе сам, пред него празен гол, но наместо да се обиде да ја смести топката во мрежата, се реши да проигра, и шансата пропадна. Во 17та минута Челзи се закани преку Малуда, Ван дер Сар спречи радост за Сините. Две минути подоцна нова сериозна шанса за Јунајтед, одлична асистенција од Сколс до Руни кој од десно влезе во шеснаесетникот, ја упати топката кон голот, Овен не стигна, таа заврши во гол аут. На четири минути до крајот на полувремето Манчестер Јунајтед поведува со 1-0, нов пас на Сколс до Руни кој го проигра Валенсија овој ја затресе мрежата на Хернандез. Челзи тргна поофанзивно, во 52та минута Малуда имаше шанса, биеше непрецизно. Во 67та минута Калу се најде во одлична шанса Ван дер Сар брани, потоа следуваа обиди на Есиен, па на Ешли Кол но мрежата на Јунајтед мируваше. Но не и на Челзи, во 76та минута Ернандез постигнува гол интересен гол, по асистенција од Валенсија, мексиканскиот фудбалер си ја шутна топката во глава, таа влезе во мрежата на Сините за водство од 2-0. Пет минути подоцна Калу постигнува гол за Челзи и ја враќа неизвесноста на натпреварот, 2-1. Сините притиснаа, но во 90та минута Бербатов со одличен лоб удар ги реши сите дилеми и го постави конечниот резултат од 3-1. Заслужена победа на Манчестер Јунајтед во дуелот со Челзи. |
|
|
Објавено од goodlife_filipsis во 19:00 0 коментари
Сообраќајката била сериозна, но Андерсон бил извлечен без посериозни повреди.
"Имав многу среќа, бидејќи сообраќајката беше сериозна" - изјави Андерсон за Daily Mail.
"Го познавам добро патот, но колата изгуби контрола и се удрив во ѕидот. Паметам дојдоа луѓе и ни помогнаа, многу сум им благодарен".
"Сакам само да им кажам на фановите на Јунајтед дека сум добро и ќе продолжам со мојата рехабилитација, па ќе можам да му помогнам на тимот".
"Имав многу повици и им кажав на пријателите да не се грижат, но ова беше застрашувачко за мене" - заврши Андерсон.
Објавено од goodlife_filipsis во 10:52 0 коментари
Ернандез, кој ова лето стана нов фудбалер на Манчестер Јунајтед имаше деби од соништата постигнувајќи го петтиот погодок во победата од 5-2 против Ол-Стар тимот на МЛС.
Македа, кој е четири години помлад од својот соиграч, постигна два погодоци, од кои првиот по само 24 секунди.
Фергусон е желен да го задржи дуото оваа сезона во Јунајтед и предвидува блескава иднина за двајцата фудбалери.
“Потребно е да ги задржам Македа и Ернандез.” – рече Фергусон. “Имаше многу одлучност во начинот на кои тие го играат својот фудбал.”
“Да се игра за клуб како Јунајтед не се работи само за талентот. Потребно ви е нешто друго и тие го имаат тоа. Јас сум задоволен поради тоа.”
Фергусон верува дека Ернандез, кој постигна два погодоци за Мексико на Светското Првенство ова лето, има слични квалитети со Вејн Руни.
“Доколку размислуваме за комбинација со Вејн, мислам дека ќе ни треба мало прилагодување. Тие се сличен тип на фудбалери.”
“Ќе го проучиме Ернандез многу добро за да се осигураме дека можеме од него да извлечеме константна форма.”
“Сеуште има некои рабои кои треба да се направат но тоа не е ништо страшно. Штом тој се навикне на нашиот тренинг мислам дека се ќе биде ОК.”
Објавено од goodlife_filipsis во 10:10 0 коментари
Во 12та минута веќе беше 2-0 откако по изведениот корнер на Нани, Македа беше оставен сам во петерецот и напаѓачот со удар со глава повторно ја затресе мрежата.
Ол-Стар тимот можеше веднаш да се врати во игра но Ван дер Сар во 15та минута со крајни напори успа да го одбрани слободниот удар на Хуан Пабло Ангел.
На пет минути пред крајот на првиот дел, Јунајтед можеше да го зголеми водството но Флечер само ја погодои пречката по одличното еден-два проигрување со Нани.
Јавиер Ернандез во игра влезе во 62та минута и доби одличен пречек од фановите но само неколку моменти подоцна Ол-Стар тимот постигна погодок преку Чинг кој беше највисок во скокот во петерецот по еден изведен слободен удар од левата страна.
Но во 70та минута Јунајтед повторно имаше водство од два гола откако Дарен Гибсон изведе прекрасен слбоден удар кој заврши во аголот од голот на Ник Римандо.
Три минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Клеверли откако играчот одлично се снајде во шеснаесетникот на Ол-Стар тимот по додавањето на Флечер.
Потоа во 84та минута Ернандез го имаше својот момент откако Флечер упати одлична долга топка во форот а напаѓачот со лоб удар биеше за водство од 5-1.
Во финишот од натпреварот Двејн Де Росарио го постигна вориот погодок за Ол-Стар тимот за конечни 5-2.Објавено од goodlife_filipsis во 10:58 0 коментари
Ернандез одлично се покажа на мундијалот и неговата цела по настапот во Јужна Африка сигурно ќе беше многу многу повисока.
Фергусон е среќен што договорот бил комплетиран пред почетокот на првенството бидејќи тоа им заштедило многу пари.
"Мислам дека нашите скаути заслужуваат чиста десетка бидејќи го открија Ернандез пред почетокот на Светското првенство, мислам дека доколку почневме преговори по завршувањето на мундијалот, работата ќе беше многу потешка" - вели Фергусон.
"Сметам дека во тој случај многу клубови ќе го посакуваа па тој ќе не чинеше два или три пати повеќе".
Манчестер Јунајтед не ја објави сумата која ќе му ја плати на Чивас за овој фудбалер, но медиумите известуваа дека оштетата која треба да ја плати англискиот гигант изнесува 7 милиони фунти, плус гостување во Мексико на пријателски натпревар.
"Нашиот однос со Чивас е одличен, тие максимално професионално се придржуваа кон договорот и не дозволија работите да се дознаат во јавноста".
Јунајтед со петок го игра пријателскиот натпревар против Чивас, Ернандез едно полувреме ќе одигра за неговиот стар клуб, второто полувреме ќе го одигра за Јунајтед.
Објавено од goodlife_filipsis во 12:02 0 коментари
Објавено од goodlife_filipsis во 20:01 0 коментари