петок, 27 ноември 2009

Хамшик на мета на Јунајтед:

Репрезентативецот на Словачка и играч од среден ред на Наполи, Марек Хамшик е прва цел во наредното лето на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Фергусон сака да го подмлади средниот ред на "црвените ѓаволи" со Хамшик, бидејќи при крај се кариерите на Пол Сколс и Рајан Гигс.

Хамшик е "срцето" на Наполи по доаѓањето во клубот од Бреша во 2007 година. Минатата сезона беше најдобар стрелец на Наполи со девет гола во 34 одиграни меча во сите натпреварувања. Оваа сезона има постигнато седум гола во Серија А.

Јувентус и Интер исто така се заинтересирани за купување на Хамшик.

0 коментари: