понеделник, 2 ноември 2009

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заинтересирани за Луис Суарез:


Весникот "The Times" известува дека Манчестер Јунајтед се подготвуваат за битка со градскиот ривал, Манчестер Сити, за потписот на фудбалерот на Ајакс - Луис Суарез.

Уругваецот се смета дека е еден од најталентираните млади напаѓачи во моментов. На возраст од 22 години, веќе е капитен на својот клуб и има 25 настапи за својата репрезентација. Но, неговиот голгетерски потенцијал во Холандија - 55 гола во 76 натпревари - и неговата можност да игра на различни напаѓачки позиции, го привлече вниманието на Сер Алекс Фергусон, кој гледа на напаѓачот како директна замена за Кристијано Роналдо.

Во меѓувреме, и Марк Хјуз е заинтересиран за Суарез, кого го смета како замена на Робињо, во случај тој да замине во Барселона. Италијанските гиганти Милан и Интер исто така се заинтересирани за Суарез, а цената која Ајакс би ја барале за него е 35 милиони фунти, иако не би го спречиле да замине на крајот од сезоната доколку дојде помала, но разумна понуда.

"Техничкиот менаџмент треба да ја донесе оваа одлука, но спремни сме да земеме во предвид добри понуди. Сакаме да го задржиме до крајот на сезоната, но исто така сакаме тој да биде среќен." рече главниот менаџер на клубот, Рик ван ден Бог.

0 коментари: