петок, 6 ноември 2009

Фергусон е подготвен за дуелот со Челзи:


Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето на Енфилд минатиот месец и сега на актуелниот шампион му претстои гостувањето кај лидерот Челзи.

Фергусон инсистира дека неговите играчи ќе бидат подготвени за натпреварот на Стемфорд Бриџ и чувствува дека тимот ќе покаже многу подобро издание на овој дерби дуел.

“Секогаш е тешко против Челзи, но ќе се справиме со овој натпревар подобро отколку на дуелот на Енфилд.” – рече Фергусон.

“Имавме тежок натпревар на Енфилд. Потребно е да имате победнички менталитет и тоа ни недостасуваше против Ливерпул.”

“Играчите се само луѓе и може тоа да ни се случи.”

Ферги исто така признава дека честите менувања на одбрамбените играчи поради повредите, е голем проблем оваа сезона.

“Ние ги менуваме одбрамбените играчи премногу често поради повредите и тоа ни предизвикува проблеми.”

“Беше потребно да го промениме голманот во првите два месеци од сезоната, потоа Рио Фердинанд и Немања Видиќ беа повредени. Претходно беше Вес Браун.”

“Тоа значи многу повеќе промени отколку што би сакал било кој менаџер.”

“Секој сака константна последна четворка, нешто што го имавме две или три сезони.”

“Дефинитивно сакаме да се подобриме во дефанзивата и сигурен сум дека ќе го подигнеме нивото на игра кога ќе го сториме тоа.”

0 коментари: