недела, 29 ноември 2009

Ферги: Гигс има уште 2 добри години за играње:

http://www.blogunited.co.uk/images/articles/giggs_contract.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го пофали својот играч Рајан Гигс.

Популарниот Ферги изјави дека Рајан Гигс може да игра уште две години на најголемо ниво и со врвна борба на фудбалските терени иако има 36 години.

Гигс го постигна 100-от погодок во Премиерлигата во поедата од 4:1 на Фратон Парк, кога Вејн Руни постигна хет-трик.

Гигс денес полни 36 години, а Фергусон вели:

„Тој е исклучителен играч. Феноменален е. Може да игра уште две години на највисоко ниво.“

„Среќен Роденден. Тој тоа што го направил за 36 години во неговиот живот, некој не може тоа да го направи ниту за 66. Ништо не може да го сопре.“
- заврши Фергусон.

0 коментари: