четврток, 5 ноември 2009

Црвените Ѓаволи започнаа преговори за Акинфеев:

Интересот на Манчестер Јунајтед кон голманот на ЦСКА Моска, Игор Акинфеев веќе добива свои реални позиции.
Image

Според извори од Англија, Спорт Експрес тврди дека представниците на црвените ѓаволи оствариле средба со менаџерите на рускиот репрезентативец и ја почнале операцијата со која Акинфеев ќе премине на Олд Трафорд уште во текот на зимскиот преоден рок.

Средбата се остварила неколку часа пред почетокот на средбата помеѓу светскиот клубски шампион и московјаните во рамките на Лигата на Шампионите. Во неа Акинфеев уште еднаш си ја потврди својата класа и го убеди Алекс Фергусон дека може да биде достојна замена за Едвин Ван Дер Сар, кој планира да се откаже од фудбалот по крајот на сезоната.

Самиот Фергусон одрече дека има интерес кон капитенот на ЦСКА но според медиумите тоа е само трик на шкотланѓанецот и тој ќе направи се за да го земе Акинфеев пред тој да потпише со некој друг клуб.

0 коментари: