петок, 20 ноември 2009

Венгер и Фергусон повикаа за вклучување технологија во фудбалот:


Добро е познат ставот на УЕФА и ФИФА околу примена на видео технологија во фудбалот, и двете куќи на фудбалот остро се противат на тоа.

Но по последниот инцидент на дуелот помеѓу Франција и Република Ирска и играњето на Теиери Анри со рака, кое ги чинеше Ирците елиминација во бараж дуелот за пласман на СП 2010, дебатата за вклучување на видео технологија во фудбалот повторно заживува.

Откако најпрво Арсен Венгер јавно побара повторно да се разгледаат опциите за примена на технологија во фудбалот, денеска тоа го направи и неговиот колега од Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

“Дебатата никогаш нема да прекне се додека луѓето кои ја водат играта не ги променат мислењата.” – рече Фергусон.

“Не треба за ова да се прашува секој играч и тренер во светот бидејќи тие веројатно ќе го дадат истиот одговор.”

“Сите ние мислиме, како и јас самиот, дека технологијата може да одигра клучен дел. Може да им помогне на судиите.”

Арсен Венгер има ист став како Сер Алекс и за ТВ каналот на Арсенал рече: “Фудбалот прифаќа една милијарда луѓе да го видат тоа, и само едно лице да не го види настанот и тој е оној кој носи одлука и господари.”

“Не можеме да прифатиме дека очигледна одлука е погрешна само поради тоа што не сакаме на располагање да ја ставиме сета можна помош во модерниот фудбал.”

“Бев на натпреварот, и видов судија како признава погодок иако знаеше дека нешто не е во ред.”

“Тој не го виде настанот, можам да го разберам, помошникот не го виде, но не можеа ниту да добијат помош.”

“На крајот тој го призна погодокот, знаејќи дека не е погодок. Не можеме да го прифатиме тоа во нашиот спорт и потребно е да сториме нешто околу тоа.”


0 коментари: