понеделник, 2 ноември 2009

"Мојот избор е Манчестер Јунајтед" - Давид Виља:

Премиерлигашот Челзи повторно ќе се вклучи во борба за потписот на најдобриот шпански голгетер, Давид Виља.
http://www.0ff0.com/pic/data/media/27/david_villa_4_footballpictures_net.jpg
Според Извори од клубот кои за Ел Мундо Депортиво објавија дека за да си го оствари својот стар сон шефот на Челзи, Роман Абрамовиќ е подготвен да плати над 35 милиони евра со цел Виља да потпише во текот на зимскиот преоден рок.

Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед веќе од поодамна се заинтересирани за голгетерот на Валенсија но ниту еден од овие тимови не успеа да го ангажира во текот на летниот преоден рок.

Според извори блиски до фудбалерот а пренесени од Ел Мундо Депортиво фудбалерот бил прашан за можноста да се пресели на Стемфорд Бриџ но тој преферирал дека доколку се сели во Англија би се преселил во Манчестер Јунајтед бидејќи не му одговара стилот на игра што го применува Карло Анчелоти.

„Манчестер е прва опција во Англија, но тука има проблем околу цената и годините. Доколку Манчестер се договори со Валенсија, Виља ќе премине во редовите на тимот од Олд Трафорд“.

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: