сабота, 7 ноември 2009

Преглед: Челзи - Манчестер Јунајтед:

На 08.11.2009 со почеток во 17:00 се игра големото дерби на Премиер Лигата помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.Првопласираниот Челзи и второпласираниот Манчестер ќе го одиграат натпреварот на стадионот на сините т.е. Стемфорд Бриџ.

http://batchoy.net/wp-content/uploads/2008/09/watch-chelsea-vs-manchester-united-live-online-stream-highlights-and-results.gif

Во војната на екипите помеѓу Сер Алекс Фергусон и неговиот Манчестер Јунајтед и Арсен Венгер со неговиот Арсенал во последните пет години се приклучи и Челзи.


Од 2004 кога Арсенал ја освои последната титула неговото место го превземе Челзи.

Челзи се една од најјаките и најопасните екипи во Англија односно Европа, додека Јунајтед изигра нерешен натпревар со ЦСКА Москва на домашен терен и пред две кола загуби од Ливерпул со 2-0 додека во второто коло на почетокот на сезоната изгуби на гостувањето кај Барнли.

Челзи се непобедени на домашен терен и топката од својата мрежа ја извадиле само еднаш и тоа при гол примен од свој играч.

Сер Алекс Фергусон и Карло Анчелоти го гледаат овој натпревар како еден од двата најважни за решавање на титулата во оваа сезона и ќе влезат во натпреварот многу претпазливо затоа што можеби пораз би значел загуба на титулата.

Шкотланѓанецот по изгубениот меч од Челзи во Комјунити Шилд ќе се обиде да го победи Анчелоти и неговиот Челзи.

Многу работи се сменија од 9 Август но Карло Анчелоти сеуште на негува својата позната дијамант формација.

"Тој го смени Челзи и сега тие играат многу поразлично од минатите сезони." - изјави Фергусон

"Тие имаат доста искусни фудбалери кои брзо се навикнаа на неговата формација."

"Тоа е бонус за нив е одлично играат."


Челзи нема изгубено од Јунајтед на домажен терен од 2002 но исто така и Јунајтед има само еднаш изгубено во последните 10 меча на Стемфрод Бриџ.

Стопиран е случајот во кој беа вметнати Сините со кој немаа право на потпис со нов играч до 2011.ФИФА моментално го стопираше случајот наречен "Гаел Калкута."

"Ние мораме да се фокусираме за дуелот во недела и ние ќе можеме да купуваме нови играчи во Јануари, носе е најбитен мечот со Јунајтед." - изјави Карло Анчелоти.

"Добро е за нас што токму сега се игра мечот кога сме во одлична позиција и форма.Знаеме дека ќе биде тежок меч."

Последни пет натпревари:


Челзи:
Атлетико Мадрид 2-2 Челзи (Лига на Шампиони)
Челзи 0-4 Болтон (Премиер Лига)
Челзи 4-0 Болтон (Карлинг Куп)
Челзи 5-0 Блекбурн (Премиер Лига)
Челзи 4-0 Атлетико Мадрид (Лига на Шампиони)


Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)
Барнсли 0-2 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)
Ливерпул 2-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
ЦСКА Москва 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)


Тимски новости:

Челзи:
Јури Жирков и Џон Оби Микел се враќаат после повредите и можно е да бидат во првите 11 на натпреварот со Јунајтед, додека Босингва нема да настапи поради повреда на коленото.

Можен состав: Чех, Ешли Кол, Карваљо, Тери, Белети, Есиен, Балак, Лампард, Џо Кол, Анелка и Дрогба.


Манчестер Јунајтед:
За Манчестер Јунајтед најваеројатно ќе се вратат Димитар Бербатов, Рајан Гигс и Немања Видич кои имаа проблеми со повреди.

Овен Харгривс се поблиску е до враќање во првиот тим.

Дани Велбек е повреден додека Рио Фердинанд со сигурнсот нема да настапи.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видич, Еванс, Браун, Гигс, Карик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.

Важни играчи:

Челзи - Дидиер Дрогба:
Тешко е да се одбеген фактот дека напаѓачот на Челзи, Дидиер Дрогба е во форма и е еден од најдобрите напаѓачи во светот.Тој освен што постигнува голови и асистира се повеќе на своите играчи.

Манчестер Јунајтед - Валенсија:
Со повредата која ја има Босингва заменет ќе биде од Белети па најверојатно во центарот на вниманието ќе биде Валенсија кој ќе му создава проблеми на Белети во одбраната.

Моја прогноза:
Многу важен и тежок натпревар за нас во кој мораме да победиме и дасе вратиме на врвот на табелата.Иако имаме доста повредени играчи се надевам дека ќе освоиме три бода и ќе биде среќата на наша страна.Мислам дека клучен играч за овој натпревар во нашиот тим ќе биде Вејн Руни.Незнам зашто но имам некое претчувство да се надеваме дека ќе се оствари и ќе победиме.Glory,glory Man United!


Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: