четврток, 5 ноември 2009

Буфон на мета на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед:


Италијанскиот репрезентативец вчера на дуелот со Макаби Хаифа уште еднаш ја потврди својата светска класа и со неколку чудесни одбрани не дозволи неговата мрежа да бида затресена.

Буфон сигурно е во топ три голмани во светот и секако дека многу клубови сакаат да го видат во своите редови.

Според Tuttosport претставници на Баерн Минхен по крајот на минатата сезона имале неофицијален контакт со Јуве околу можноста Буфон да се пресели на Алианц Арената.

Тогаш Старата Дама ја отфрли таквата можност но според Торинскиот весник Баерн во иднина повторно ќе се обиде да го ангажира Буфон откако и оваа сезона се мачат со голманската позиција а и самиот Ули Хенес потврди дека тие ќе ангажираат одличен голман.

“Во јануари нема да ангажираме голман но сигурно по крајот на сезоната ќе купиме еден одличен голман.” – рече Хенес.

Но се очекува Јуве повторно да даде негативен одговор освен, како што пишува Tuttosport, Баварците не дадат некоја примамлива понуда како на пример можноста за ангажман на Франк Рибери.

Бјанконерите се интересираа за Французинот во изминативе години но Баерн постави превисока цена со цел да ги отргне сите заинтересирани клубови.

Покрај Баерн се шпекулира дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Буфон кој би требало да биде долгорочна замена за Едвин ван дер Сар на Олд Трафорд.

0 коментари: