петок, 27 ноември 2009

Фергусон: Има напредок кај Рио Фердинанд:


Рио се мачи со повреда на грбот, која ја имаше и во минатата сезона, Фергусон се надева дека тој наскоро ќе се врати на теренот и ќе биде на располагање за божиќните натпревари.

"Има напредок кај Рио, но секогаш е тешко со повредите на грбот" - вели Ферги.

"Природата по некогаш ви помога, но ние сме оптимисти околу неговото враќање".

"Нашата загриженост е за О'Шеј и Џони Еванс. И двајцата се неизвесни за натпреварот во сабота".

"Па треба да излеземе со дефанзивците кои ги имаме во моментов. Гери Невил е фит, се враќаат и Рафаел и Патрис Евра".

"Но јас сум навистина задоволен со формата на Вес Браун и Немања Видиќ. Тие играат фантастично во последните натпревари" - заврши Фергусон.

0 коментари: