недела, 15 ноември 2009

Јунајтед подготвува понуда од 15 милиони фунти за Филип Лам:


Сер Алекс Фергусон се мачи со пополнувањето на десната бековска позиција, откако ветеранот Гери Невил поради повреди пропушти голем број на натпревари, па стратегот беше приморан да ротира неколку играчи на таа позиција помеѓу кои Рафаел, Џон О’Шеј и Вес Браун.

Рафаел се гледа како евентуален наследник на Невил, но според Mirror Фергусон посакува да го ангажира 25 годишниот Филип Лам кој би требало да биде ментор на младиот Бразилец.

Се шпекулира дека Лам сериозно размислува за својата иднина во Баерн откако беше казнет поради тоа што јавно под знак прашалник ги стави методите на Луис ван Гал.

Десниот бек на Баерн ја критикуваше трансфер политиката на стратегот и ротацијата на играчите, па со самото тоа ја стави својата иднина во Баерн во неизвеснот.

Баерн се наоѓа пред елиминација во Лигата ан Шампионите и доколку гигантот од Германија го заврши настапот во најелитното Европско натпреварување уште во фазата по групи, Ферги ќе се обиде да стигне до услугите на Германскиот интернационалец.

Mirror вели дека понудата на Манчестер Јунајтед би се движела во границата до 15 милиони фунти, и стратегот на Црвените Ѓаволи сака да го комплетира трансферот пред Светското Првенство со цел да обегне зголемување на цената на играчот како и конкуренцијата со другите заинтересирани екипи.

0 коментари: