сабота, 28 ноември 2009

Преглед: Портсмут - Манчестер Јунајтед:


Сабота, Ноември 28, 2009 - 16:00
Фратон Парк, Портсмут

Портсмут се надева дека назначувањето на Аврам Грант за менаџер на клубот ќе го извлече од зоната за испаѓање.

Манчестер Јунајтед после поразот од Бешикташ на Олд Трафорд сака да се врати на победнички патеки и да му се доближи на Челзи.

После отказот на Пол Харт се надеваат дека назначувањето на човекот кој го донесе Челзи до финалето во ЛШ во 2008 ќе му помогне да искочи од зоната за испаѓање.

Со гостувањето на Челзи на Емирати во недела, менаџерот на Црвените Ѓаволи, Сер Алекс Фергусон се надева на победа и доближување само на два бода до Челзи пред дербито на колото.

Последни пет натпревари:

Портсмут:
22 ноември: Стоук Сити 1-0 Портсмут (Премиер Лига)
7 ноември: Блекбурн 3-2 Портсмут (Премиер Лига)
31 октомври: Портсмут 4-0 Виган (Премиер Лига)
27 октомври: Портсмут 4-0 Стоук Сити (Карлинг Куп)
24 октомври: Хал 0-0 Портсмут (Премиер Лига)

Манчестер Јунајтед:
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон (Премиер Лига)
8 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
3 Ноември: Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
31 октомври: Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)


Тимски новости:

Портсмут:
Повредата сеуште го мачи Дејвид Џејмс и се очекува Ешдаун да застане на голот.

Буба Диоп и Утака може да се најдат на клупата за резерви после рехабилитацијата од повредите.

Можен состав: Ешдаун, Бен Хаим, Кабул, Хреидарсон, Вилсон, Браун, Боатенг, Охара, Мулинс, Кану и Диндан.


Манчестер Јунајтед:
Победа над Евертон од 3-0 а потоа пораз од Бешикташ. Победата над Евевртон ја донесе средниот ред па Ферги се надева дека повторно ќе се активира Руни.

Јунајтед има проблеми со повредени играчи Рио Фердинанд, Цони Еванс, Џон Ошеа што значи дека Вес Браун и Немања Видич ќе бидат во првиот тим.

Гери Невил и Рафаел ќе се борат за место на бековската позиција додека конечно Димитар бербатов треба да се врати во тимот.

Можен состав: Ван дер Сар, Браун, Видич, Невил, Гигс, Керик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.


Поважни играчи:

Портсмут - Џејми Охара:
Откако се приклучи на тимот на Портсмут како позајмица од Тотенхем летово донесе цврстина во средниот ред. 23 годишниот играч на Портсмут ќе му создава доста проблеми на Ван дер Сар.

Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:
Бербатов не учествуваше на три натпревари за Јунајтед и се наоѓа во одлична форма. Постигнува голови и за Јунајтед и за Бугарија стана најдобар стрелец на сите времиња.


Моја прогноза:
Нема да биде така лесно да се победи како што се очекува сепак ова е прв натпревар за Грант на клупата на Портсмут и ќе сака да го добие. Но верувам дека добро ќе изиграме и ќе победиме се разбира. Добро е Бербатов што се враќа и е во супер форма само така нека продолжи.Поздрав!


Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: