недела, 22 ноември 2009

Руни станува најплатениот играч во Премиер лигата:

Доколку информациите на „News of the World“ се покажат точни и ако Вејн Руни ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката ќе стане најдобро платениот фудбалер во англиската Премиер лига на сите времиња.
http://blog.taragana.com/sports/wp-content/uploads/2009/08/wayne-rooney.jpg
Челништвото на актуелните англиски шампиони и нивниот репрезентативен напаѓач во февруари би требало да седнат на иста маса и да ги започнат преговорите за новиот договор со подобри услови.

Актуелниот договор 24-годишниот играч на Јунајтед го врзува до јуни 2012-та година, а спред новиот премиерлигашот сака дополнително да го заштити од заминување од Олд Трафорд.

„NOTW“ пишува дека „црвените ѓаволи“ се подгтовени на Руни да му понудат 170.000 неделно, а според договорот 45.000 фунти неделно би добивал и од продажбата на своето име во маркетингшки цели.

0 коментари: