понеделник, 9 ноември 2009

Челзи 1 - 0 Манчестер Јунајтед


Челзи го победи Манчестер Јунајтед минимално со 1-0 и ја зголеми предноста пред шампионот на пет бода.

Како што и се очекуваше, Челзи и Јунајтед одиграа тврд наптревар без речизи ниту една 100% шанса за гол.

Манчестер Јунајтед имаше игра, одлично му се спротиставуваше на Челзи, но разликата беше во голот на Џон Тери.

Тимот на Ферги не успеа да ги искористи своите добри периоди и на крајот со наведнати глави го напуштија Стемфорд Бриџ.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 76та минута кога Џон Тери со глава ја затресе мрежата на Ван дер Сар за огромна радост на домашните фанови.

Со оваа победа Челзи ја зголеми предноста над Манчестер Јунајтед на 5 бода, Црвените Ѓаволи по ова коло паднаа на третата позиција, пред нив е Арсенал со ист број на бодови но подобра гол разлика и натпревар помалку.

Дербито беше централен настан денеска во Премиер лигата, во сенка се одиграа уште три натпревари.

Моја анализа:

Незаслужено изгубивме цело време ние го контролиравме натпреварот Челзи беше послабиот ние бевме подобриот противник.При голот Дрогба го фаулираше Браун и имаше фаул кој судијата не го досуди.Криво ми е зашто изгубивме зашто игравме подобро.Лампард цела утакмица го немаше на теренот.Цредниот ред беше перфектен.Само штета што секогаш кога играме со тим од големата четврока имаме повредени играчи како на пример сега Фердинанд, Бербатов и Видич.Се надевам дека за овие две недели Ферги ќе ги консолидира редовите и ќе се вратиме на победнички патеки.Поздрав!

0 коментари: