петок, 20 ноември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Евертон:



Сабота, ноември 21 - 2009, 18:30
Олд Трафорд, Манчестер

Борба помеѓу старите ривали после поразот од Челзи во рамките од премиер Лигата минатото коло.На Стемфорд Бриџ, Црвените Ѓаволи загубија и сега Челзи има предност од 5 бода пред Шампионот.

Тимот на Дејвид Мојс гостува на Олд Трафорд во сабота кога за Манчестер Јунајтед само 3 бода би значеле успех.Се друго би било неуспех.

Додека противникот мора да победи Евертон се надева на враќање на фомата од минатата сезона.

Поебдата над Вест Хем на Аптон парк беше многу важна за Евертон после слабиот старт на сезоната.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
8 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
03 ноември: Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
31 октомври: Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)
27 октомври: Барнсли 0-2 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)
25 октомври: Ливерпул 2-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)


Евертон:
8 ноември: Вест Хем 1-2 Евертон (Премиер Лига)
5 ноември: Евертон 0-2 Бенфика (Европа Лига)
31 октомври: Евертон 1-1 Астон Вила (Премиер Лига)
27 октомври: Тотенхем 2-0 Евертон (Карлинг Куп)
25 октомври: Болтон 3-2 Евертон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Манчестер нема да може да смета на Рио Фердинанд кој нема да настапи до нова година па најверојатно ќе биде заменет од Џони Еванс кој, заедно со Немања Видич ќе бидат столбови на одбраната на Јунајтед.

Џон Ошеа ќе биде спремен за натпревар после загубениот меч од Франција со "божјата рака" на Анри.

Овен Харгривс се опорави од повредата и можно е да се најде на клупата за резерви на мечот.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Еванс, Видич, Ошеа, Нани, Керик, Андерсон, Валенсија, Руни и Бербатов.

Евертон:
Евертон нема да може да смета на Билјалетдинов кој има казна од три натпревара.

Најверојатно нема да настапат и Фил Невил , Пиенар и Осман.

Можен состав: Хауард, Беинс, Јобо, Дистин, Нил, Кејхил, Фелаини, Родвел, Хеитинга, Гослинг и Саха.


Важни играчи:

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Сите знаеме што може да се очекува од Вејн Руни и тој може да направи експлозија оваа година во Премиер Лигата.Со заминувањето на Кристијано Роналдо се очеекуваат многу голови од Вејн Руни.


Евертон - Тим Хауард:
Хауард е поранешен играч на Јунајтед кој не успеа да се пробие и да биде во првиот тим. Со конкуренција од Ван дер Сар и Томаш Кушчак.28 - годишниот чувар на мрежата на Евертон ќе има тешка работа во Сабота.


Моја прогноза:
Нема да биде лесно да се победи но се надевам дека Јунајтед ќе се радува на крај. Тие имаат доста повредени играчи исто како и нас.Ние нема да можеме да сметаме на Фердинанд до Нова Година. Но добрата вест е дека Видич и Парк се спремни за натпревар и дека Харгривс можеби ќе се најде на клупата за резерви.Поздрав!

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: