сабота, 14 ноември 2009

Видиќ е среќен во Јунајтед, не планира да замине од Олд Трафорд:


Долгорочната иднина на Видиќ беше тема на шпекулации во последните неколку месеци, со екипи од калибарот на Барселона, Реал Мадрид и Милан заинтересирани за неговите услуги.

Сепак, Видиќ инсистира дека е среќен на Олд Трафорд и е фокусиран на освојување нови трофеи со Јунајтед.

“Јас сум среќен во Манчестер Јунајтед и целам кон освојување на уште многу трофеи и не размислувам за заминување од клубот.” – рече Видиќ за Sky Sports News.

Дефанзивецот останува убеден дека Јунајтед може да има успешна сезона и покрај тоа што тие заостануваат пет бода зад лидерот Челзи, по минатонеделниот пораз на Стемфорд Бриџ.

“Нашиот менталитет не се менува по неколку натпревари, знаеме што е потребно да направиме оваа година.”

“Дефинитивно ќе биде тешко, но мислам дека имаме добар состав, голем состав за да имаме одлична сезона.”

0 коментари: