понеделник, 2 ноември 2009

Овен сонува за враќање во Мадрид:


Се очекува Мајкл Овен да биде стартер на натпреварот против ЦСКА Москва, поради тоа што Руни и Бербатов се неизвесни за овој дуел.

Мајкл Овен добро го познава Сантијаго Бернабе, стадионот на кој оваа година ќе се одигра финалето од Лигата на Шампионите, напаѓачот посакува во мај со Јунајтед да се врати во Мадрид.

"Секој сонува да ја освои Лигата на Шампионите и кога сте во клуб како Манчестер Јунајтед секогаш сте конкурентни на највисоко ниво" - изјави Мајкл Овен.

"Тоа е една од работите кои прво ги гледате пред да потпишете за клубот. Тоа е една од работите која прва ме привлече, играње во големи Европски натпревари и во големи натпревари во Премиер лигата е работа за која секој сонува".

"Многу е тешко да се освојат овие натпреварувања, но наша цел е да го направиме тоа и возбудливо е да сте дел од тоа".

0 коментари: