четврток, 19 ноември 2009

Рио Фердинанд во аут до нова година:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEixpnixd7na0ki5b9-JOifosBi14P671IfCfmEyaoGpxqwZI_gJ_4RgrGYdcQ3-EtJU5Av6pmroXs3-_MkPBUhhEAsjzv_I2Vv3tRJbY0spszgl88RwpmgKlyZqj9j9q8xX0OelptelK5s_/s400/Rio_Ferdinand_469821a.jpg
Манчестер Јунајтед нема да може да смета на Рио Фердинанд до Нова Година.

Англискиот дефанзивец се надеваше дека ќе се врати на терените на почетокот од декември но лекарите му посочиле дека има потреба од подолга пауза за потполно заздравување. Така во следните шест месеци Рио ќе биде подложен на специјална рехабилитациона програма.

Рио Фердинанд е во аут од 25. Октомври, кога шампионите паднаа со 2-0 од вечниот ривал Ливерпул. Потоа се дозна дека 31-годишниот фудбалер имал остри болки во грбот уште од минатата сезона. Кон тој проблем се придодаде и новата повреда која уште повеќе се одрази врз формата на Рио. Така после неколку исклучително слаби натпревари за црвените ѓаволи и за националниот тим на Англија тој накрај реши да си обрне внимание на здравјето и да ги соблече копачките на извесен временски период. Се очекува Фердинанд да се врати во игра во текот на Јануари при што ќе пропуште околу 15 натпревари на Јунајтед.

За менаџерот на Манчестер сер Алекс Фергусон има и една добра вест. Партнерот на Фердинанд во одбраната Видиќ е готов да започне против Евертон во сабота откако го одигра вчерашниот натпревар на Србија против Јужна Кореа. Видиќ го пропушти поразот на ѓаволите со 0-1 во дербито против Челзи пред 11 дена поради повреда.

0 коментари: