четврток, 5 ноември 2009

Англичаните го меркаат Красиќ:

Премиерлигашкото трио Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити се во борба за потпис на српскиот репрезентативец од редовите на ЦСКА Москва, Милош Красиќ.

Претставници на овие тимови ја следеле играта на српскиот фудбалер на Олд Трафорд во рамките од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед (3:3) во кој Красиќ го постигна вториот погодок за својата екипа.

Англиските клубови се убедени дека можат да го купат Красиќ за околу 9 милиони фунти. Во минатата година за Србинот беа заинтересирани Реал Мадрид и Милан, но ЦСКА не сакаше да го ослободи за помалку од 18 милиони фунти. Со својата игра Красиќ го привлече вниманието и на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

0 коментари: