Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни испрати комплименти кон својот велшки соиграч Рајан Гигс, кој на 29-ти ноември ќе наполни 36 години.
„Отсекогаш истакнував дека кариерата би сакал да ја завршам во Манчестер Јунајтед. Доколку еден ден би се приближил до постигнувањата на Гигс, би бил презадоволен, бидејќи тој за мене представува совршен пример за фудбалер.“
„Кога ќе го анализирате неговиот животен и фудбалски пат и начинот на кој се справува со разните ситуации, мора да го почитувате. Доколку успеам да се приближам до бројот на натпревари кои тој ги одиграл во кариерата, ќе бидам навистина многу среќен.“ - вели Руни.
0 коментари:
Објави коментар