четврток, 26 ноември 2009

Манчестер Јунајтед 0 - 1 Бешикташ:

http://files.stv.tv/img/articles/139716-champions-league-man-utd-v-besiktas-live-online-on-stvtv-410x230.jpg

Турскиот Бешикташ постигна историска победа со 1-0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

Тимот на Мустафа Денизли имаше среќа што шампионот на Англија од поодмна си го обезбеди пласманот во следната фаза па играше претежно со младите таленти.

Црвените ѓаволи допуштија за прв пат да бидат поразени на домашен терен во Лигата на Шампионите после серија од 23 последователни натпревари без пораз.

Единствениот погодок на средбата го постигна Родриго Тело во 20. минута, со шут од далечина при што не му даде шанса на Бен Фостер да интервенира. После овој успех Бешикташ има вкупно 4 поени и заостанува 3 зад Волфсбург и ЦСКА, додека Јунајтед е прв со 10 освоени поени.

Јунајтед го започна доста активно овој натпревар и доминираше во текот на првото полувреме при што создаде и доста голем број на шанси но немаше кој да ги искористи истите. Ударите на Парк и Гипсон не завршија во мрежата, додека гостите од Турција организираа брзи контранапади, кој што во повеќето случаи резултираа со шутеви од далечина. Имено при слична ситуација во 20. минута Тело го постигна погодокот. После постигнатиот погодок гостите воглавно се бранеа а ѓаволите го стегаа обрачот пред Рушту. Македа и Оберан исто така имаа фантастични прилики за гол но славниот турски голман секогаш беше на вистинското место.

После паузата помеѓу двете полувремиња притисокот на домаќините не беше толку серизен а како истекуваа минутите така играта стануваше се побавна и побавна. Во второто полувреме најзрелата шанса за погодок ја имаше Обертан. Фергусон се обиде да интервенира па во игра ги пушти Овен, Евра и Карик но сепак ниту тие не можеа да го совладаат денеска расположениот Рушту.

0 коментари: