недела, 29 ноември 2009

Портсмут 1 - 4 Манчестер Јунајтед:

Промената на кормилото не ги тргна од летаргијата фудбалерите на Портсмут, кој на својот „Фратон Парк“ беа поразени од Манчестер Јунајтед (4:1) и останаа заковани на дното од табелата на Премиер Лигата.
The image “http://www.pic.mk/images/rooneycalm.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Дебито на новиот менаџер на Портсмут, Аврам Грант во денешниот дбовој од 14. коло на Премиер лигата го расипа Вејн Руни, кој со хет-трик ги растажи „Морнарите“, иако домашните во поголемиот дел од натпреварот во најмала рака беа рамноправен противник.

Најнајпред мрежата се затресе во 24. минута кога погоди од белата точка, а потоа на стартот од второто полувреме одлично ја реализираше акцијата на Антонио Валенсија и Рајан Гигс, за потоа повторно од пенал да ја осигура новата победа на „Бебињата“, чив менаџер, Алекс Фергусон, мораше поради казна натпреварот да го проследе од трибините.

Арбитарот Мајк Дин досуди уште еден пенал, и тоа за Портсмут, кој на прв поглед беше спорен, но на сигнализација на помошникот беше утврдено дека Немања Видиќ во шеснаесетникот за дрес го влечел Фредерик Пикиони. Од белата точка погоди Џорџ Боатенг.

Во самиот финиш Гигс од слободен удар со неговиот 100-ти гол ја завери победата на Манчестер, кој ја смали бодовната разлика од лидерот Челзи на само два бода во пресрет на Лондонското дерби на Емирати.

Моја анализа:
Супер изигравме на цел натпревар супер се покажа Кушчак на голот се одбрани исто така Валенсија беше насекаде на теренот и треба само вака да продолжиме. Сега е разликата само два бода се надевам дека така ќе остане и по денешниот ден.Поздрав!









0 коментари: