четврток, 5 ноември 2009

Рио шест недели во аут:

Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Рио Фердинанд ќе биде надвор од теренот во наредните шест недели, објави британски Сан.

Фердинанд кој во последно време е многу критикуван заради својата игра, настапувал и покрај тоа што неговата повреда на грбот не била целосно залечена, па сега ќе му биде потребен подолг временски период за целосно да закрепне.

"Рио во последно време се справуваше со голема болка, а сега дојде момент конечно да ги разреши проблемите. Кога ќе се врати на теренот, тој ќе биде уште посилен. Многу тешко е кога не си целосно фит, а сакаш да играш", изјави неговиот соиграч, Вес Браун.

0 коментари: