четврток, 12 ноември 2009

Јунајтед го следи Шамак:

Челниците на Манчестер Јунајтед се заинтересирани за напаѓачот на Бордо, Маруан Шамак. Голгетерот од Мароко во летниот преоден рок требаше да се пресели во Премиерлигата, но пропадна можноста да се пресели во Арсенал, Сандерленд и Вест Хем, клубови кои сакаа да го доведат во своите редови.

Претставници на "црвените ѓаволи" ја следеле играта на Шамак на неделниот меч на Бордо против Лил и иако "жирондинците" загубија со 2:0, Мароканецот се покажал во светло издание.

За Шамак кому наредното лето му истекува договорот во игра се и екипите на Челзи и Евертон.

0 коментари: