недела, 15 ноември 2009

Зоран Тошич: Ќе се борам за своето место во Јунајтед:

http://m.gmgrd.co.uk/res/1.$plit/C_71_article_1122296_image_list_image_list_item_0_image.jpg

Зоран Тошич вели дека ќе се бори за своето место во тимот на Јунајтед но вели дека е загрижен за своето место во репрезентацијата на Србија.

Крилото на Јунајтед кое беше купено за време на зимскиот транфер период од Белградски Партизан нема забележано ни еден настап досега нов новата сезона.

Тој нема настапи во Премиер Лигата но редовно настапуца за резервите на Манчестер Јунајтед во Купот. Се наоѓа во сенка на летните засилувања т.е. Габриел Обертан и Антонио Валенсија.

"Се трудам да бидам најдобар и да се пробијам во Јунајтед но има голема конкуренција за мо јата позиција во тимот и се разбира мојата шанса ќе пристигне" - изјави Тошич

"Не ни помислувам за заминување од Јунајтед затоа што сум трпелив за мојата шанса и знам дека таа ќе пристигне и ќе имам можност да се докажам и да се пробијам во првиот тим."

"Лесно може да ја изгубиш вербата и да бидеш исфрустиран и одма да си заминеш од клубот, но јас сум во еден од трите најголеми клуба во светот и не сакам да си заминам и ќе ја чекам мојата прилика. "

"Од другата страна морам да мислам и на моето место за Светското Првенство во Јужна Африка следната година во Српскиот Национален тим."

"Времето ќе си покаже но сигурно ќе останам во Јунајтед."

Извор!

0 коментари: