понеделник, 9 ноември 2009

Фергусон се интересира за Симон Кјаер:


Манчестер Јунајтед оваа сезона има проблеми со дефанзивната линија, Рио Ферндинанд не е во најдобра форма, и често прави грешки.

И Немања Видиќ не е константен, додека на Џони Еванс му недостасува искуство.

TuttoMercatoWeb пренесува дека Фергусон планира да се сретне со претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини и да му предложи цена од 12 милиони фунти.

Фергусон го продаде Кристијано Роналдо, но не потроши голем дел од парите кои ги доби за Португалецот.

Кјаер претходно изјави дека би сакал да настапи во Премиер лигата, без разлика дали тоа ќе биде за Ливерпул или Манчестер Јунајтед.

0 коментари: