вторник, 3 ноември 2009

Сер Алекс: Тимовите од Англија повторно ќе доминираат во ЛШ:


Премиер Лигата обезбедуваше три од четирите полу-финалисти во последните три сезони, плус финалист во последните пет сезони од Лигата на Шампионите.

Многумина веруваат дека оваа сезона Англиските клубови нема да можат да го одржат тоа ниво но Сер Алекс Фергусон верува дека Премиер Лигата повторно ќе доминира во Лигата на Шампионите.

“Англиските тимови повторно ќе бидат инволвирани во полу-финалињата.” – рече Фергусон.

“Тие се многу доминантни во ова натпреварување во последните шест или седум години.”

“Тоа се покажува преку доказите од подоцнежните фази од Лигата на Шампионите и мислам дека истото ќе се случи и оваа година.”

Јунајтед ќе обезбеди пласман во 1/8 – финалето доколку денес триумфира над ЦСКА Москва а и Челзи е во иста позиција откако забележаа три победи во исто толку кола.

Арсенал е на добар пат да обезбеди пласман во следната фаза и единствено Ливерпул е во многу незавидна позиција и ќе мора да брка победа на сите преостанати три натпревари од фазата по групи.

Фергусон продолжи: “Очигледно, Барселона се единствени фаворити. Нив не можете да ги отпишете.”

“Но воопшто не се сомневам дека клубовите од Англија ќе се борат за трофејот.”

0 коментари: