среда, 11 ноември 2009

Харгривс возбуден од враќањето на терените:


Играчот од средниот ред е надвор од стројот околу 14 месеци откако замина на операција на двете колена со цел да ги отстрани проблемите со тетивите кои го мачеа подолго време.

Специјалистот за операции на колена, Др. Ричард Стидман го оперираше Англискиот интернационалец во Америка и ја опиша состојбата на Харгривс како ’најлошите колена што некогаш сум ги видел’.

28 годишниот Овен минатиот месец се врати на терените но минатата недела заработи ситна повреда на листот на ногата.

Сепак поранешниот играч на Баерн Минхем е блиску до враќање во првиот тим и можно е да настапи за Јунајтед кон крајот на овој месец.

“Ќе биде извонредно чуство повторно да истрчам на Олд Трафорд. Ќе бидам толку возбуден поради што веројатно ќе се онесвестам.” – рече Харгривс.

“Сакам само повторно да бидам дел од тоа, да бидам на располагање и да бидам здрав. Со нетрпение чекам повторно да бидам инволвиран.”

“Сакам да бидам способен да го облечам дресо и да имам ефект врз натпреварот. Сакам само да се натпреварувам на натпреварите, да работам со тренерот за да ја подобрам мојата игра и да станам подобар играч.”

“Сакам да имам добра сезона за да ја возвратам вербата што ја имаа фановите на Јунајтед во мене.”

0 коментари: