понеделник, 9 ноември 2009

Фергусон: Погодокот на Тери е нерегуларен:

http://blog.taragana.com/sports/wp-content/uploads/2009/07/alex-fergusson.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунатјед, Сер Алекс Фергусон воопшто не беше среќен на начинот на кој неговиот тим беше поразен од Челзи.

Шкотланѓанецот се нафрли кон судијата Мартин Аткинсон како за фаулот што му го досуди на Дарен Флечер за дуелот со Ешли Кол така и за недосудениот прекршок на Дидие Дрогба во казнетиот простор при постигнувањето на погодокот на Џон Тери.

„Очигледно беше дека Флечер сосема регуларно му ја одзеде топката на Ешли Кол кој воопшто не беше фаулиран туку едноставно подскокна и се струполи на земјата. После тоа Дрогба го фаулираше Весли Браун а судијата не досуди фаул по што Тери постигна погодок“.

„Судијата беше во исклучително затворена ситуација од каде што не можеше да виде ништо. Играчот на Челзи стоеше точно пред него но тој воопшто не се помести. Одлуката му беше грешна но веќе ништо не може да се направи. Во таквите ситуации играчите ја губат довербата во судиите а тоа јасно го искажаа во соблекувалната после натпреварот“
, изјави Фергусон.

0 коментари: