вторник, 24 ноември 2009

Бербатов сеуште неизвесен за настап:

The image “http://www.independent.co.uk/multimedia/archive/00198/berbatov8_198488t.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Рекордното засилување Димитар Бербатов можно е да настапи на дуелот од Лигата на Шампионите со Бешикташ.

Бугарскиот интернационалец пропушти неколку дуели за Јунајтед и за репрезентацијата поради повреда на коленото. Бербатов можеби ќе се врати на дуелот со Бешикташ на кој победа за Манчестер би значело скоро сигурно прво место во групата Б.

Бербатов одработи целосен тренинг и можеби Сер Алекс Фергусон ќе се одлучи за поранешниот играч на Тотенхем да игра на Олд Трафорд против Бешикташ кој нема ниедна победа засега во рамките од Лигата на Шампионите.

Фергусон има проблеми со уште неколку повредени играчи. Рио Фердинанд дефинитивно нема да настапи поради повредата на грбот додека Џони Еванс нема да настапи поради повреда на мускул.Исто така и Ошеа Невил не тренираа со тимот.

Ова значи дека Сер Алекс Фергусон ќе игра со Дарон Гибсон и Габриел Обертан. Ќе проба да воведе свежина во тимот.

Не се очекува да настапи Ван дер Сар затоа што го пропушти тренингот и Фергусон ќе одбира помеѓу Бен Фостер и Томаш Кушчак.

Извор!

0 коментари: