недела, 22 ноември 2009

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Евертон:

Актуелниот англиски шампион Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со високи 3:0 на домашен терен и сега се наоѓа на пет поени разлика зад водечкиот Челзи.
терен и сега се наоѓа на пет поени разлика зад водечкиот Челзи.

Image

Избраниците на Алекс Фергусон одиграа рутиниран натпревар и без посебни потешкотии ги совладаа „карамелите“, па лесно ги обезбедија трите года.

Дарен Флечер го отвори резултатот за водство на шампионот во 35-та минута. По одморот гостите покажаа заби, но не успеаја да профитираат од нешто послабата игра на Јунајтед во тој период. Фелаини постигна погодок, но поради офсајд стапицата во која се најде истиот не беше признат од страна на судиите.

Мајкл Карик го зголеми водството на 2:0, кој со силен удар го матира Тим Хауард, додека крајните 3:0 ги постави Антонио Валенсија. Тој беше еден од најактивните играчи во текот на дуелот, за во 76-та да го постигне последниот гол на натпреварот, откако Пол Сколс продре низ центарот на одбраната на гостите, успеа да го пронајде него, за Антонио со дијагонален удар да го совлада Хауард.







0 коментари: