петок, 6 ноември 2009

Фергусон негира кавга помеѓу Кушчак и Ван дер Сар:


Медиумите пишуваа дека двајцата голмани не сакаат да се погледнат во очи, откако Кушчак изјави дека не добивал никаква помош ниту совети од Ван дер Сар.

Кушчак коментарите ги даде за телевизијата на Манчестер Јунајтед, но Фергусон вели дека помладиот голман само се шегувал.

"Тоа не е вистина" - изјави Фергусон за наводната караница помеѓу голманите.

"Томас едноставно се шегуваше. Тој се смееше кога го кажа тоа".

"Нема никакви проблеми помеѓу него и Едвин, можеби едноставно полскиот хумор не е сличен на британскиот хумор" - заврши Ферги.

0 коментари: