петок, 6 ноември 2009

Кушчак фрустриран со Ван дер Сар:


27 годишниот Кушчак веќе четврта сезона е на Олд Трафорд и сеуште ’има големи’ амбиции и покрја тоа што не е во можност да обезбеди регуларно место во тимот на Сер Алекс Фергусон.

Тој побарал од Ван дер Сар помош за подобрување на квалитетите и верува дека советите на 39 годишниот Холанѓанец можат да го подигнат неговото ниво на игра.

Но полскиот интернационалец вели дека често не добивал одговори од Ван дер Сар.

Според The Times Кушчак за ТВ каналот на Јунајтед рекол: “Да бидам искрен, морам да го кажам ова и на Едвин сигурно нема да му се допадне многу, но тој не ми помага премногу.”

“Веќе неколку пати го имам запрашано да ми дадае некои совети бидејќи има многу поголемо искуство и има многу повеќе настапи.”

“Му велам,’Потребно е да ми дадеш повеќе совети бидејќи сакам да знам каде грешам и сакам да ги гледам другите луѓе. Правејќи го тоа можам да влезам во добра форма од советите кои ги добивам’.”

“Но не знам, можеби Едвин не ме сака. Потребно е да го прашате него.”

Се очекува Ван дер Сар да се пензионира по крајот на сезоната и Ферги вели дека Бен Фостер и Кушчак имаа шанси да го наследат ветеранот, но се почести се шпекулациите кои го поврзуваат Јунајтед со голман од светска класа.

Кушчак додаде: “Јас веќе чекав триипол години. Ќе чекам и подолго но мојата амбиција е многу голема и сакам да имам убаво чувство по натпреварите, да бидам уморен и да заминам дома мислејќи ’Ох, денеска заврши одлична работа’.”

0 коментари: